Кривични пријави за двајца малолетници што запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“
Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02:40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.
Како што соопшти полицијата во дневниот билтен, тие се товарат за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Покрај нив, во инцидентот учествувало и трето лице, 18-годишен жител на Гостивар, кој управувал патничко моторно возило „голф 4" со кое пристигнале на местото на настанот.
Полицијата соопшти дека тројцата биле повикани на разговор на 16 август во полициската станица Кисела Вода, а кривичните пријави ќе бидат поднесени во консултација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација