Кривична за поранешен директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен директот на ЈЗУ „Општа Болница“ - Охрид Љ.А. (61) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување јавни набавки за болницата, дело со кое оштетил го оштетил нејзиниот буџет за 703.394 денари.
Тој делото го направил во периодот од октомври 2012 до јуни 2013 година, во својство на директор на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без утврдена потреба повел иницијатива и дал налог да се спроведе постапка за јавна набавка на медицинска опрема и делови од медицинска опрема-две машини за миење и дезинфекција на инструменти за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид.
- Тоа го направил без претходно да има добиено такво барање од некое одделение од болницата за набавка на таква опрема и без целосна и конкретна спецификација за потреба од набавка, и без да наведе дека тие се несоодветни машини кои немаат практична можност за употреба за ваков вид на здравствена установа, се вели во соопштението од МВР.
Постапка за јавна набавка била спроведена сметано од 22 ноември 2012 година, а на 21 декември 2012 година, пријавениот, во име на ЈЗУ„Општа болница“ Охрид, склучил договор со фирмата „ЕВРО Тим“ ДООЕЛ Скопје со која ја реализирал набавката на спорните машини за миење и дезинфекција во висина од 703.394 денари. Со тоа Љ.А. го оштетитил буџетот на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид во износ од 703.394 денари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација