Македонија
24. August 2020 - 16:08

Кривична за охриѓанец кој украл платежна картичка и од неа подигнал 73.500 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 27.07.2020 одзел картичка, сопственост на Н.Р. од Скопје и на повеќе терминали во Охрид неовластено извршил 19 трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист во износ од 73.500 денари.