Македонија
30. July 2020 - 17:13

Кривична за двајца гостиварчани за сторено кривично дело „измама“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(29) и Т.Л.(58), двајцата од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавените делото го сториле во 2017 година, така што на пријавителот Д.Л.(35) од Гостивар му понудиле стан за продажба во Струга, кој никогаш не го поседувале во нивна сопственост, за цена од 8.000 евра, сума која  ја договориле со усмен договор, за што пријавителот им исплатил 7.620 евра.