Македонија
12. November 2025 - 14:10

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т. од с.Блаце, општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 21.02.2025 пријавениот склучил договор кај нотар со друго лица за купопродажба на патничко возило „мерцедес“, по што на негово барање лицето дозволило возилото да остане уште неколку дена кај С.Т..

Но, и по завршување на рокот, С.Т. не му го дал возилото на лицето, туку го продал на трето лице.