Македонија
11. September 2020 - 17:52

Кривична против албански државјанин кој во Охрид украл пари и телефони во вредност од 90.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 23.08.2020  на плажа на авто камп лоциран на брегот на Охридското езеро, пријавениот одзел несесер со пари и мобилни телефони со што се стекнал со противправна имотна корист од 90.000 денари.