Македонија
18. September 2021 - 15:58

Кривична пријава за жител на Кичево за сторено казнено дело

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело„ неизвршување на судска одлука“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето ЌА (59) од Кичево.

– На 7 август годинава тој бил затекнат во нелегални градежни активности што ги извршувал, иако преходно од надлежните инспекциски служби му било издадено решение за престанок на градежните зафати, истакна Стефан Димоски од СВР Охрид.