Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.
Како што соопшто МВР, на 14.02.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола и утврдиле дека првопријавениот, сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.„Ѓорѓи Капчев“ неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ за да ја сочуваат власта
-
Груби: Можно е Владата уште денеска да го достави францускиот предлог до Собранието
-
МВР: Кривична против 12 лица за инцидентите пред Собранието
-
Таравари: Човекот со пиштолот бил револтиран што демонстрантите му го демолирале хотелот
-
Таравари: Нашата соработка со Арсовска завршува со разрешувањето на директорот на Комунална хигиена
-
Возел со 227 km/h - 232 санкции за брзо возење на територија на државата
-
Приведено 18-годишното момче кое фрли молотов коктел кон Собранието
-
МВР: Повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица за време на вчерашниот јавен собир | ВИДЕО