Македонија
25. December 2020 - 10:46

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект поради непочитување на работното време

На 24.12.2020 во 22.15 часот во СВР Штип, во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на Ковид 19, односно не го почитувал работното време. По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.