Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт

Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик.
А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите.
Секторот за компјутерски криминал во рамки на утврдениот делокруг на надлежности, продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел превенција на повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
