-->
-->
Кривична пријава за седуммина стружани за тепачка во ноќен клуб
-->
Седум лица од струшкото село Калишта добија кривични пријави за постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „учество во тепачка“.
СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство поднела кривична пријава против О.Е. (30), А.Ѓ. (29), И.Т. (27), Р.Ш. (27), В.Т. (29), Ј.Т. (22) и В.Т (21).
Кривичното дело, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, го сториле на 16 септември оваа година, во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга.
- В.Т. (29) најнапред физички го нападнал О.Е. удирајќи го со шише по главата, а веднаш потоа во тепачката се приклучиле и останатите сега пријавени, кои биле нивни другари, изјави Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања