Македонија
27. November 2019 - 10:33

Кривична пријава за поранешен директор на кичевско училиште

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Н.Б.(42), поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во текот на 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште „ДРИТА“ во Кичево, на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена. Со тоа, пријавениот, на професорите им овозможил стекнување со противправна имотна корист, објаснува Стефан Димоски пртпарол на СВР -Охрид.