-->
-->
Кривична пријава за кражба
-->
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 од Кривичен законик.
Обвинетата, соопшти ЈОРМ, на 15 август 2017 година, со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја отворила влезната врата на домот во сопственост на оштетеното лице, при што одзела туѓи предмети со намера противправно да ги присвои. На овој начин биле одземени еден мобилен телефон, две златни ланчиња, медицински златни навлаки за заби, сребрена пара со ликот на Гоце Делчев и друг накит, во вкупна вредност од 120.000 денари.
Заедно со обвинителниот предлог, надлежниот обвинител до судот достави и предлог на обвинетата да и биде определена мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасноста од бегство, како и на опасност таа да го повтори кривичното дело кое и се става на товар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто