Македонија
3. September 2015 - 13:36

Кривична пријава за кочанец за фалсификување пари

Националната канцеларија за кривични работи Кочани поднесе кривична пријава против кочанецот М.Д.(59) поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари“.

- Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил шест фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и на 13 јули годинава во банка во Кочани заедно со оригинални банкноти ги пуштил во оптек шестте фалсификувани банкноти со уплаќање на неговата девизна сметка, соопшти полицијата.