Кривична пријава против скопјанец за лажно пријавување кривично дело
Одделението за насилен криминал во Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, на 29.01.2020 во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“. Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава.
Истиот ден, во просториите на Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци