Македонија
27. September 2018 - 18:27

Кривична пријава против Кривопаланчанец кој недозволено поседувал ловни патрони

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Крива Паланка поднесе кривична пријава против жител од селото Огут за недозволено поседување ловни патрони.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Живкица Чавдаревиќ, кривична пријава е поднесена против четириесет и шест годишниот Д.С. од кривопаланечкото село Огут, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

- На 28 јуни 2017 година, при претрес во домот на Д.С. во селото Огут, полициски службеници пронашле и одзеле 34 ловни патрони калибар 16 мм, кои неовластено ги поседувал. Поради ова Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка кривично го гони сторителот и работи на разрешување на случајот, информира Чавдаревиќ.