Кривичен суд: Се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти за „Талир“
Советот за оценка на обвинението поднесено од СЈО за предметот „Талир“ одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.
-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти, наведуваат од Кривичен..
Со оглед дека за овој предмет против еден обвинет, врз основа на признани на вина, веќе е донесена пресуда, од Судот посочуваат дека не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти.
-Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на Советот на оценка на обвинителн акт за конкретниот предмет, кога истото ќе биде изготвено, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница

