Кривичен ја одби жалбата на Камчев за притворот
Кривичниот суд во Скопје, не ја прифати жалбата на одбраната на осомничениот Јордан Камчев, за укинување на мерката притвор, потврдија за МИА, од Кривичен суд Скопје.
– Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30-дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство, соопштија од Кривичен суд Скопје.
Бизнисменот Јордан Камчев, од страна на полициските службеници беше приведен на 14 март по претходна дојава од Агенцијата за национална безбедност, дека осомничениот се подготвува за бегство. Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, информираа од обвинителство.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место