Свет
16. May 2016 - 15:38

Критики за „Сексуалникот прирачник“ за бегалците

Прирачникот за бегалците кои што не живеат долго во Германија предизвикува вжештена дебата во врска со имиграцијата. Веб сајтот на кој што мигрантите можат да добијат совети за сексот и сексуалноста со име „Занзу: Моето тело во зборови и слики“ кој што беше активиран по новогодишните сексуални напади во Келн е преведен на 12 јазици меѓу кои и на арапски, турски, албански и англиски, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во него има секции за сексуално здравје, врски и емоции, планирање на семејство и правни прашања како и голем број на дијаграми, слики и описи на сексуални акти.

За разлика од тие што го поддржуваат прирачникот поради отвореноста кон сексуалноста која според нив е потребна за им се помогне на бегалците со конзервативна верска култура да се интегрираат други го критикуваат како навредлив.

Сексологот Хајнц Јирген Фос од универзитетот во Меренург вели дека е чист расизам да се претпостави дека Сиријците и Ирачаните на пример знаат помалку од сексот од Германците.

„Важно да се промовира и да се борите за слободна сексуалност. Тоа не е нешто што државата може да го наметне врз граѓаните, но за тоа мора најпрвин да се преговара“. Вели Фос.

Според блогерот Анабел Шунке веб прирачникот нема да ги смени проблематичните однесувања кон жените и сексот што постојат кај многу мажи мигранти.

„Овие луѓе точно знаат што е а што не е дозволено но тие не се грижат за тоа затоа што тие не се заинтересирани за законите и културата на Германија. Наивно е да се мисли дека некој може да се оттргне од социјализацијата и културните правила кои што ги следи од раното детство само со помош на слики и курс за интеграција“, напиша Шунке на својот блог.

Веб прирачникот за секс според дел од коментарите на социјалните медиуми можат да бидат употребени за понатамошна демонизација на мигрантите и бегалците. Дури според дел од коментарите сликите објавени во прирачникот може дополнително да го зголеми бројот на силувања и сексуални насилства, вели во својата анализа весникто Вашингтон Пост. Во дел од коментарите кои што се граничат со расизам се вели дека неписмените бегалци ќе ги гледаат само сликите.