Крис Рок останува домаќин на доделувањето на Оскар
Заради многубројните жалби на познатите личности на сметка на овоогодишното доделување на Оскар, при што втора година по ред се номинирани повеќе бели уметници, Академијата за филмска уметност најави афирмативна акција на новата програма, ветувајќи дека двојно ќе го зголеми женски и малцински членства до 2020 година.
А домаќинот Крис Рок ќе остане да ја води оваа приредба и покрај повиците за бојкот, откри продуцентот Реџиналд Хадлин во интервју за Интертејнмент тунајт.
Главно белци, мажи и постари лица го сочинуваат составот на повеќе од шест илјади професионалци во филмската индустрија кои припаѓаат на Академијата и кои веќе долго време се критикувани во врска со расната и родовата еднаквост која се однесува на доделувањето Оскар.
Промените, кои едногласно се одобрени во четвток навечер од страна на Управниот одбор на Академијата, опфаќаат програма кои ќе „идентификува и регрутира квалификувани нови членови кои претставуваат поголема разновидност“, како и отстранување на некои стари членови.
Актерот Вил Смит, режисерот Спајак Ли и други најавија дека ќе го прескокнат доделувањето на наградите на 28 февруари и досега нема никакви индикации дека планираат да го отповикаат својот бојкот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација