Живот
24. October 2015 - 20:55

Крик на повреденото момче: Ве молам, немојте да ме погребувате!

Исплашеното дете се бори за живот со последните атоми од својата сила, додека лекарите се обидувале да ги извадат деловите од бомба од неговиот череп.

-Ве молам не ме погребувајте - проколнуваше невиното дете на снимката која ја објави Си Ен Ен.

Сепак лекарите биле немоќни пред неговите фатални повреди. Фарид починал два дена подоцна во Таиз, третиот по големина град во Јемен.

Во гранатирањето на бунтовниците во овој град загинаа најмалку 22 лица, соопштија официјалните лица.