Кремљ: Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе има негативни последици
Доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарната програма на Иран, тоа ќе предизвика крајно негативни последици, а Иран најверојатно ќе излезе од договорот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Ова со сигурност ќе и наштети на климата на предвидливост, безбедност, стабилност и нераспространетост на нуклеарното оружје во целиот свет, изјави Песков во врска со информациите дека САД може да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.
Тој додаде дека евентуална таква акција од страна на САД ќе има многу негативни последици.
Песков истакна дека Иран веќе изразил подготвеност да се повлече од договорот, доколку САД го направат тоа.
Русија, како што рече портпаролот на Кремљ, ќе ја продолжи својата политика за гаранции за нераспространување на нуклеарното оружје.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара