Loading Video...
Свет
28. September 2022 - 16:32

Кремљ повика на соработка во врска со инцидентот на гасоводите Северен тек

ЕУ се закани со  единствен и силен одговор, по како што  вели сабожата  во протокот на руски гас преку Балтичкото море до Германија. Оштетувањата на гасоводите   Северен тек 1  и 2 не се случајни тврди шефот на ЕУ.  Сите достапни информации покажуваат дека истекувањето е резултат на намерна акција. Намерното нарушување на европската енергетска инфраструктура е крајно неприфатливо и ќе биде проследено со силен и единствен одговор“, напиша Борел. Кремњ  повика на дијалог и соработка во разнасјнусвање на поединостите   за  инцидентите  а коментарите  на полскиот премиер  за руска вмешаност ги нарече глупави.

Белата куќа соопшти дека САД се подготвени да им дадат поддршка на европските партнери кои спроведуваат истрага. Во понедеделникот гасоводите пукнаа на неколку локации во ексклузивните економски зони на Данска и Шведска,  , а меурите биле видливи на површина со пречник од 200 метри до еден километар, соопшти  данската армија .Според сеизмолозите во Данска, Норвешка и Финска имало подводни екслозии  во близина на гасоводите. Ден пред да бидат забележани истекувањата, Норвешка ја информриала Данска за зголемена активност  на беспилотни летала во Северното Море.