Свет
26. March 2016 - 14:06

Кремљ: Невозможна антитерористичка алијанса на Русија и Западот

Никој не се залажува дека е можно да се формира антитерористичка алијанса на Русија со САД или со некоја друга западна земја, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, со тоа ги прокоментира резултатите на овонеделната посета на американскиот државен секретар Џон Кери на Москва.

Кери за време на посетата на Москва долго разговараше со Путин во Кремљ, а се сретна и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.