Македонија
7. јуни 2017 - 14:49

Кражба во аптека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје

Крадецот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет по што избегал во непознат правец. 

Кражбата била пријавена синоќа околу 21:20 часот во Единицата за известување и командување Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.