Македонија
30. October 2015 - 9:09

Крави го окупираа битолското шеталиште

Синоќа цело стадо крави е забележано како „шета“ низ битолското штелиште.

Кравите тргнале од долниот дел каде што главно се тревни површини, низ спомениците кои се наоѓаат пред поплочениот дел и се качиле на горниот дел.

На изненадување и на граѓаните кои биле таму си прошетале. Инаку ова не е прв пат низ градот да се забележи стока. Имало и овци и кози во Нова Битола, коњи на среде Широк сокак, а сега и крави по градското шеталиште.

kravi1

kravi2