-->
-->
Кратовско вино и галичко сирење во „Македонско село“ на Водно
-->
Македонското село, кое се наоѓа спроти манастирот „Свети Пантелејмон" во Горно Нерези на Водно, на територија на Општина Kарпош, е готово, пред извесно време беше објавено дека со оваа нова туристичка атракција ќе стопанисуваат хотел „Квинс“ и „Тинекс“.
Владиниот проект „Македонско село" е комплекс што се состои од 12 автентични куќи: беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора. Во секоја од нив во долните катови на посетителите ќе им биде прикажан некој занает карактеристичен за регионот. Во битолската куќа ќе биде прикажан грнчарскиот занает. Ќе има вработен што ќе прави грнчарски производи, а посетителите ќе може сами да се обидат да направат или да си купат готов грнчарски производ.
Во кратовската куќа ќе има винарска визба, бидејќи некогаш кратовскиот регион бил познат по тоа што се произведувало квалитетно вино, а во галичката куќа ќе се произведуваат млечни производи. Во делчевската куќа ќе има ткајачница, а во прилепската ќе биде прикажана обработката на тутунот.
Во горните катови на куќите ќе има апартмани во кои туристите ќе може да преспијат. Од Министерството за економија велат дека ќе има 51 соба за ноќевање, како и продавница за сувенири и музеј на отворено со кој ќе стопанисува Музејот на Македонија.
Во комплексот има ан каде што може да се руча, а во рамките на струшката и кумановската куќа во помали ресторани гостите ќе се служат со традиционални јадења како кумановски мезалак. Изградена е и валалница, воденица, штала и друго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје