Свет
13. April 2017 - 22:03

Крај Порторико запленет кокаин во вредност од 17 милиони долари

Американски федерални агенти на еден брод во близина на јужниот брег на Поротрико запленија 600 килограми кокаин, чија вредност е проценета на околу 17 милиони долари. 

Во акцијата се уапсени две лица, едниот државјанин на Доминиканската Република, а вториот на Венецуела.

Бродот бил пресретнат од федералните агенти во близина на проториканскиот град Салинас.