Живот
26. October 2018 - 12:34

Крадел од црква па го стигна божја казна

На социјалните мрежи се шири неверојатна снимка на која се гледа како гром удира крадец кој бега во украден автомобил.

Разбојникот украл автомобил пред една црква во Санкт Петергург во Русија и се вдал во бегство. По него во потера тргнала и полицијата која не насетувала дека пред нивните очи ќе се одигра нешто сосема неверојатно.

Крадецот бегајќи од полицијата со голема брзина претекнвуал возила кои му се нашле на пат. Во еден момент светнала молња и удрил гром, а автомобилот му се претворил во факел. Делови се разлетале по патот.

Коментарот на снимката е дека разбојникот го стигнала божја казна за злоделото кое го направил и тоа во двор од црква.

Иако не е најјасно дали крадецот бил удрен од гром или друг автомобил, сепак беше извесно дека злата судбина го начека буквално зад кривината.

Видеото е снимено пред неколку години, а и ден денес се уште предизвикува внимание.