Балкан
13. May 2021 - 20:15

Ковид-19: Во Хрватска пробна свадба

Потпретседателот на хрватската Влада и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ денеска најави можно олеснување на епидемиолошките мерки од 1 јуни.

Тој рече дека вечерва и во недела се одржуваат два експериментални настани – работна вечера, односно свадба со 120 гости, и дека, доколку се утврди дека нема ширење на инфекцијата, ќе се размисли за олеснување на мерките за вакви настани.