Ковачевски: Нови потенцијали за соработка со Ватикан во области од заеднички интерес
Во рамките на посетата на Светата Столица, како дел од програмата за одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи имаа средба со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер.
На средбата беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од воспоставувањето на дипломатските односи бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство, соопшти владината прес-служба.
Круна на силната динамика на взаемните пријателски односи, беше речено на средбата, беше монументалната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија во мај 2019 година, настан од исклучително значење не само за унапредување на билатералните односи, туку и за регионот.
Соговорниците на состанокот истакнаа дека духовните врски преку цивилизациското наследство на Мајка Тереза и Светите Кирил и Методиј, се преточуваат и во пријателски политички односи со Ватикан кои во последните години се потврдени и низ зголемената динамика на билатералните средби на највисоко ниво.
На средбата стана збор и за подготовките на двете страни за потпишување на договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица за регулирање на статусот на Католичката црква во нашата земја со што ќе се отворат нови потенцијали за соработка во повеќе области од взаемен интерес, се вели во соопштението.
Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, чествувањето во текот на денот продолжи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре. Програмата по повод чествувањето на Светите браќа Кирил Методиј попладнето продолжува со концерт на светски познатиот тенор Благој Нацоски.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно