Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на народот и државата
Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, порача во своето експозе претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.
-Jа остваривме повеќедецениската стратешка цел, членство во НАТО и обезбедивме мир стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Но на патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка. Македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктура која поврзува и на овие теми мора многу повеќе да соработуваме. Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик, посочи Ковачевски.
Тој најави дека Република Македонија ќе продолжи со добрососедска политики и засилена соработка со сите соседни земји.
-Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Владата ќе продолжи исто така да ги одржува и развива добрососедските и пријателски односи со сите свои соседи, постојано иницирајќи нови програми и проекти за поврзување на граѓаните преку иницијативи како што е „Отворен Блакан“, заклучи Ковачевски.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден