Македонија
13. January 2023 - 16:38

Ковачевски најавува дека ноември е краен рок за уставни измени, Мицкоски тврди - Власта нема пратеници

Ноември е крајниот рок за внесување на Бугарите во Уставот. Премиерот Ковачевски потврдува дека политчки консултации за уставните измени има, но детали не открива. Не се исклучува можноста и за нова лидерска средба на која покрај за ова прашање ќе се разговара и за сите други предизвици со кои се соочува земјата.

Мнозинство за уставни измени нема, а власта нема да има ниту пратеници за да го задржи мнозинството, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски останува на ставот дека само предвремени избори се излез од сите кризи.

Нова закана за парламентарното мнозинство се и внатрепартиските несогласувања во ДУИ. Партијата од утре стартува со поделени теренски активности. Огнените закажаа средба со партискиот огранок во Битола, а во исто време министри од редовите на ДУИ ќе имаат средби со партиските штабови во Чегране и Гостивар.