Ковачевски: Местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности

Се уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Тој потврди дека со Арбен Таравари се сретнал, но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, само се виделе во Парламентот.
- Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки, рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса отиде во опозиција.
Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
