-->
-->
Костадиновски ги демантира тврдењата на Николовски за проектот „Јапонска помош“
-->
Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ги демантира обвинувањата што ги изнесе денеска дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација.
Костадиновски при денешната посета на Пехчево рече дека Николовски немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците или состојбата во земјоделството, изнел обвинувања за работи направени во време на министерот Славко Петров.
- Нормално мора и ќе има одговорност за тие предмети за кои истрагата ќе утврди дека имало пропусти, а впрочем, за надминување на тој проблем. Во Министерството од кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, на барање на земјоделците, а поврзано со јапонската помош и средствата од помошта за набавка на механизација, овозможивме оние кои не се во можност да ги отплаќаат долговите и ратите, да може да се пребива со субвенициите, на кои имаат право и редовно ги остваруват, изјави Костадиновски.
Сите оние кои во претходниот период немале можност да ги отплаќаат долговите, додаде, ќе бидат повикани во соодветна постапка да ги порамнат своите долгови со субвенциите кои ги остваруваат. - За криминалите кои ги спомнува дополнителниот заменик-технички министер во оставка, го упатувам малку да пролиста, да види во нивното време како се доделуваа земјоделските машини, без каква било основа и каков било акт и во таа смисла се доведувани во заблуда и на неоснован начин во нерегуларна постапка да бидат доведени во тешка состојба. Како и да е, одговорност мора да има, а одговорноста ќе биде на тие кои во тоа време ја извршила та недозволена постапка, рече Костадиновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица