Костадиновска-Стојчевска: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола континуирано се реставрира
Министерството за култура информира дека Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција.
Според министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
–Конзерваторско-реставраторски
Од Министерството за култура посочија дека со обезбедените средства досега е заменета и кровната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот.
Во битолската куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.
Според архивирани материјали, Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор, соопштија од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна