Loading Video...
Спорт плус
2. August 2019 - 16:22

Костадиновска и Мирчевски победници на „Илинденски куп“ во пливање

 
 
На јубилејното 40-то издание на Илинденскиот пливачки маратон што се одржа денеска во Охрид, првите места им припаднаа на Јана Костадиновска во женска и Божидар Мирчевски. 
 
Популарниот „мал маратон“, како многумина го нарекуваат овој настан, годинава беше дел од Куп на Македонија во далечинско пливање. 
 
Патеката од х. Горица до охридското пристаниште во должина од 2,5 километри, прв ја исплива Мирчевски во време од 31.минута и 51.секунда, додека Костадиновска на целта пристигна за точно 32 минути. 
 
Во конкуренцијата под 16 години, со златни медали се закитија Симон Поповски и Калина Стојановска. 
 
На годинашното издание на „Илинденски куп“, настапија 60-тина пливачи од повеќе македонски, но и клубови од странство. 
 
Оваа манифестација, на своевиден начин е и увертира на „Охридски пливачки маратон“ кој годинава ќе се одржи на 24 август, додека на 10 август на програмата е Интернационалниот пливачки маратон.на 10 километри.