Бизнис
9. April 2020 - 12:35

Костадинов: Економските мерки спасуваат 250.000 работни места, одобрени првите бескаматни кредити за 136 компании

Надлежните институции, државата, граѓаните, сите ние се бориме секојдневно со невидливиот непријател, за заштита на најважното здравјето на граѓаните.

Паралелно со мерките за заштита на здравјето, се преземаат мерки во надминување на последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот.

Започна реализација на големиот пакет првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра. Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник, да обезбедиме приход за секој човек.

Одобрени се и првите бескаматни кредити од страна на Развојната банка, за 136 компании со 1.737 вработени.

Поради големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка веќе го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија.

Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени.

Со мерките кои веќе се усвоени и за кои има соодветни Уредби со законска сила, државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 фирми. Да ги спасиме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.

Со овие мерки, фирмите погодени од кризата, односно секој работник од државата добива по  14.500 денари, плата за месеците април и мај.

Мерката значи идентична помош и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници.

Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.

За граѓаните обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.

Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, но и се намалуваат платите на избраните и именувани функционери, затоа што сега е време за солидарност и меѓусебно помагање.

Почитувани,

Мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња.

Со сето она што го презедовме досега, создадовме систем кој работи за граѓаните и нивните интереси. Од -1,8% за само 2,5 години економијата порасна на +3,6% и на нозе ја дочекува оваа економска криза.

Во ваква ситуација важно е ширењето лажни вести и неоснована паника од страна на опозицијата да престане, тоа е на штета на граѓаните и нивното здравје. Време е за солидарност и заедничко делување.

Продолжуваме заедно со граѓаните, со стопанството да создаваме мерки и политики што за еднаква помош за сите. За нас, секој е важен!

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ