Костадин Костадинов прогласи победа во Струмица
Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва прогласи победа.
Победивме, успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се победат избори со над 4.000 гласа разлика, без при тоа да се спомне опозицијата и противкандидатот, бидејќи на крајот треба и ним да им служиме, истакна Костадин Костадинов, кој уште по првиот груг прогласи победа со убедливо водство.
Вети дека вратата ќе биде отворена за сите.
-Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, комуникативен, од градоначалникот до последната функција во рамки на Општина Струмица. Ова е важна победа за цела Струмица и за цела Македонија. Разлика од повеќе од 4.000 гласа од над 80 проценти обработени податоци. Сигурен сум дека предноста и ќе се зголемува, бидејќи ние го нудиме најдоброто и кадровски и програмски. Од утре не чека работа, истакна Костадинов.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари