Македонија
18. October 2021 - 11:40

Костадин Костадинов од СДСМ победи во Струмица

Државната изборна комисија преброја 100% од гласовите во Струмица.

Според податците објавени на ДИК, победник е кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов со освоени 13.760 гласови.

Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов освои 10.291 глас.

Кандидатот на Интегра, Васе Витанов доби само 346 гласа.