Балкан
3. јуни 2020 - 8:25

Косовското Собрание денес ќе одбира нова Влада

Седница на косовскиот парламент за гласање на новата влада предводена од Авдулах Хоти ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот, најави првиот човек на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово Арбен Гаши. Тој не може да каже дали сите пратеници од неговата партија би гласале за новата влада, но рече дека имаат доволно гласови за да го изберат Хоти.

По изгласувањето недоверба на кабинетот на Албин Курти тој не одговори на неколкуте повици на претседателот Хашим Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, а неговото движење Самоопределување го оспори пред Уставен суд неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на ковид-19. Во минатиот четврток Уставниот суд го отфрли барањето на Самоопределување со што му се овозможи на Хоти да формира нова влада.