Балкан
3. August 2016 - 8:55

Косовските екологисти реагираат дека по патиштата се возат стари автомобили

Косовските екологисти се загрижени поради големиот процент стари возила што се движат на патиштата на Косово.

Според нив, ваквите возила многу влијаат на загадувањето на воздухот, како и врз зголемиот број сообраќајни несреќи.

Екологистите наведуваат дека во земјата има над 385.000 активни возила, додека 308.000 се регистрирани во 2015 година.

„Просечната старост на возилата што се движат по патиштата низ Косово е 18 години или поинаку кажано десет години повеќе од просекот на возилата што возат низ земјите на Европската унија“, се наведува во анализата на Институтот за авансирано истражување „Гап“.

Во март минатата година косовската влада ја укина забраната за увоз на возила, односно старосната граница, што значи дека без оглед на годината на производство возила може да се увезуваат.