Балкан
17. јуни 2016 - 8:43

Косовскиот парламент ќе заседава за продолжување на Еулекс

Пратениците во косовскиот парламент би требало денеска да се изјаснат за предлог законот за ратификација на Договорот со кој Еулекс би останала на Косово до 2018 година, јавуваат приштински медиуми.

Одлуката за продолжување на мандатот на мисијата Еулекс не беше вчера донесена поради немање кворум во собранието.

,Локалните медиуми вчера јавија дека високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини потпишала писмо со кое одговара на писмото на косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со продолжувањето на мандатот на Еулекс.