Косовски државјанин убиен во Сирија
Косовските власти денеска ја потврдија информацијата дека вчера во Сирија загинал 25-годишен косовски државјанин кој се борел на страната на исламистичката терористичка организација Исламска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за правда, Абељард Тахири изјави за медиумите дека Владата е информирана оти загинал Рон Емини од Приштина, кој членувал во терористичката група „Ал-Нусра“.
– Добивме информација дека кососвкиот државјанин, за кој има сомнежи дека бил дел од групата „Ал-Нусра“, Рон Емини загинал. Во моментов ние како Влада ги имаме тие информации и правиме напори да дознаеме повеќе, изјави Тахири.
Според приштинските медиуми, 25-годишниот Емини се приклучил на терористичката ИД во 2016 година.
Директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ) Шпенд Маџуни, во неодманешниот извештај пред собраниската Комисија за надзор врз АКИ, по повод враќањето на 110 косовски државјани од Сирија, информира дека во тамошната зона на конфликт и натаму се наоѓаат уште 65 косовци.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка