Македонија
1. September 2016 - 14:00

Косовската влада донира 50 илјади евра за поплавените во Македонија

Косовската влада донесе одлука со која за настраданите од поплавите во Македонија издвојува 50 илјади евра.

- Помошта е во духот на добрососедството.Нашата влада треба да го следи примерот на другите држави и да му помогне на својот сосед, Македонија, изјави шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, објавија денеска косовски медиуми. 

Веднаш по невремето што го зафати скопскиот и тетовскиот регион косовската влада понуди помош за справување со последиците, а упати и специјална екипа и соодветна механизација за расчистување.