Балкан
21. November 2016 - 19:53

Косовската полиција уапси 11 лица поради експлоатирање деца-питачи

Косовската полиција соопшти дека уапсила 11 лица и задржала 36 малолетници во земјата при операција против експлоатирање на деца-питачи.

Во полициското соопштение се наведува дека меѓу уапсените за време на еднонеделната акција има и родители. Тие се обвинети за запоставување и малтретирање на деца, за што е предвидена максимална затворска казна од осум години.

Тринаесет од децата се од соседна Албанија и тие веројатно ќе бидат вратени во својата држава.

Уличните питачи вообичаено се припадници на ромската и египетската заедница, кои не одат на училиште и чии семејства живеат во сиромаштија.