Балкан
4. February 2016 - 12:07

Косовската опозиција бара предвремени избори поради ЗСО

Обединетата косовска опозиција од претседателката Атифете Јахјага побара распишување предвремени парламентарни избори, а како причина го наведуваат формирањето Заедница на српски општини, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Билјал Шерифи, пратеник на иницијативата, потврди дека опозицијата испратила писмо до Јахјага, истакнувајќи дека причина за тоа е што „косовскиот Уставен суд потврдил оти постои кршење на уставот во договорот за Заедницата на српски општини, па изборите се единствено решение“.

- Затоа, додаде, обединетата опозиција испрати писмо до претседателката во кое повикуваме да се преземат неопходните чекори и да се објават предвремени избори, рече тој.