Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале за меѓународните договори.
Тахири на прес-конференцијата по собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека тенденцијата на премиерот Курти е „да инсталира диктат врз пратениците во Парламентот“.
Тој го повика собранискиот спикер, Глаук Коњуфца, кој е од редовите на партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), да преземе мерки против, како што рече, неодговорните луѓе.
Тахири ја критикува и актуелната влада, затоа што, според него, Косово се соочува со бројни неуспеси.
Курти денеска за време на седницата одби да одговори на прашањата на опозициските пратеници и ѝ порача на опозицијата доколку сакаат одговор од него да гласаат за меѓународните договори кои се пренесуваат од седница на седница.
Пратениците на опозициските Демократска партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) на неколку седници по ред не гласаат за меѓународни договори.
По одбивањето на членовите на Владата да одговорат на пратеничките прашања, пратениците на ААК и на другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ја напуштија седницата, додека оние на ПДК останаа во салата, каде што министрите одговараа на прашањата на пратениците од редовите на владејачката ВВ.
Претходно, пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу рече дека е диктатура тоа што Владата им наметнува услови на народните избраници.
– Да дојде Владата и да им поставува услови во парламентот на народните избраници, ова е диктатура. Имав прашање до (министерот за внатрешни работи) Џељаљ Свечља, не го поставувам прашањето, туку го поканувам да дојде од кампот Белведере и да го убеди овој човек овде да гласа за препораките што ги предложи ПДК за косовската полиција. Престанете, оти резил се сторивте пред цел свет, рече Муслиу.
По обраќањето на Курти, реагираше и заменичката претседателка на ААК, Тиме Кадријај, откако министерот за здравство Арбен Витиа не одговори на нејзино прашање.
Таа рече дека Курти не ѝ донел ништо добро на државата Косово, туку е во мисија „да ја уништи косовската држава“.
– Добро е што ти најдовме една нова кауза, но дали гласаше ти за договорот за стабилизирација и асоцијација… Тука си за да ја уништиш косовската држава. Ти не дозволи пратениците да гласаат за косовската полиција. За нас не е ни важно, оди шетај низ Грција, оти никакво добро не ѝ донесе на оваа држава, рече Кадријај.
Ново на Сител
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
