Балкан
19. April 2018 - 21:13

Косово главна тема на средбата Могерини - Вучиќ

Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебно на економско поле, но и слабиот напредок во реформите во владеењето на правото беа теми на денешната средба во Белград на високата преставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и српскиот претседател Александар Вучиќ.

На пресс конференцијат по средбата, покрај најавата за можното отварањето на пет нови поглавја во преговорите со ЕУ до крајот на јуни, најмногу се говореше за Косово и Бриселскиот дијалог.

Федерика Могерини изјави дека има нова фаза во дијалогот со цел постигнување на правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово.

- Ја разгледавме и примената на договорите кои се веќе постигнати во рамки на дијалогот. Јасно нагласувам дека постои потреба во потполност да се  применат сите договори и дека е крајно време за тоа. Ова е кредибилна основа за натамошната работа кон нова фаза на дијалогот, а за тоа е потребно што побргу формирање на ЗСО, но исто така и договорот за енергетиката, истакна Могерини.

Таа го поздрави почетокот на изработката на Статутот ЗСО, кој доцни извесно време, додавајќи дека во Брисел ќе работат посветено на постигнувањето на крајната цел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, онака како што се очекува.

На оваа изјава на Могерини реплицираше Александар Вучиќ, кој изјави дека е сигурен да Приштина нема да ги исполни сите обврски од Бриселскиот договор.

- Не се согласувам со Могерини и дека има уште обврски кои мораат да се исполнат. Станува збор за енергетиката, што не е договорено во Бриселскиот договор, туку е кажано дека за тоа само ќе се разговара и ќе се дискутира. Тоа е обврска од членот 13. Сите останати обврски Белград ги исполни, наведе Вучиќ.

И Могерини и Вучиќ го осудија инцидентот на Шешељ во српското Собрание и се заложија за регионалната соработка.

Високата преставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини имаше средба и со премиерката Ана Брнабиќ, на која според соопштението од Владиниот кабинет и двете соговорнички го поздравиле фактот дека во извештајот на ЕК се препознати напорите на Србија во спроведувањето на политичките и економските реформи и посветеноста кон регионалната соработка.