Loading Video...
Кошарка
23. May 2022 - 11:45

Кошаркарките на Бадел ја освоија шампионската титула

Во женскоото кошаркарско првенство промовиран новиот шампион. 
 
Тоа е екипата на Бадел која успеа да слави во четвртиот натпревар од финалната серија против Баскет КАМ и тоа гостински терен па со 77:71 и со 3-1 во победи „Балелки“ ја освоија титулата. 
 
Македонската репрезентативка Александра Стојановска со 27 поени беше лидер во победничкиот тим и сосема заслужено го понесе признението МВП во финалната серија. 
 
За екипата на Бадел ова е шеста шампионска титула, а доаѓа по пауза од три сезона односно 2018-тата година